Наставници од стручно училиште од Истанбул во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Наставници од средното стручно училиште од Бајрампаша, Истанбул предводени од директорот Deniz Mutlu Güler беа во тридневна посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Оваа соработка трае неколку години како партнер училишта во рамките на меѓународниот проект „Балкан Јуниор“, кој настана како идеја да се поврзат училишта со слични струки од различни држави на Балканот.

Посетата беше искористена да се разменат знаења и искуства за извршување на практични задачи засновани на повеќегодишна работа на наставниците од областа на современите технологии кои се потребни на пазарот на трудот (електротехника, машинство, информатика и автоматика). Двете училишта ја искористија средбата за подготовки за подобро претставување на претстојниот петти меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“, кој оваа година ќе се одржи во перодот од 11 до 14 мај во Тешањ, Босна и Херцеговина, на кој се планира да учествуваат околу 50 ученици, ментори и директори на средни училишта од осум земји од Балканот– Србија, Словенија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија и Македонија.

Гостите од Истанбул имаа можност да ги разгледаат и културно-историските знаменитости и природните убавини на Охрид.