Средношколците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ се информираа за војничката професија

Во ОУТУ „Ванчо Питошески” одржана интерактивна работилница во рамките на проектот „Популаризација на воениот позив за служба во Армија на Република Македонија” во организација на Министерството за одбрана и АРМ.

Тимот составен од професионалци од Министерството за одбрана, припадници на Армијата детално ги информираа средношколците за условите за прием во служба на АРМ, нивните обврски и придобивки. Основна цел на проектот е запознавање на младите со војничката професија, служење доброволен рок, пријавување на огласите за професионални војници и за офицери во АРМ.

This slideshow requires JavaScript.