Димовски до СДСМ: Ајде да се распуштиме па излезете пред граѓаните со платформата на нови избори

Платформа има, Ви ја прочита господинот Ејуп за што јас му благодарам, истакна на денешната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

„Ајде да најдеме гаранција денеска. Денеска ако најдеме гаранција да го распуштиме Собранието на Република Македонија уште денес ќе биде избран претседател на Собранието што ќе има единствена улога да распише брзи локални избори и да распише брзи предвремени парламентрани избори. Па, со оваа платформа ако победите заедно со сите ваши ветувања за минимална плата, радиодифузна такса..ако победите ние нема со ниту една запирка да вбе стопираме за да ги реализирате ветувањата. Да најдеме гаранција, денес ќе избереме претседател и ќе го распуштиме Собранието“, истакна Димовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ немаат никаков проблем за претседател на Собранието или на било која друга функција која ја бира Собранието да биде избран Албанец, Турчин, Србин, Бошњак, Влав, Ром.

„Имаме проблем кога некој се обидува мнозинството од македонскиот народ и помалите етнички заедници да ги исклучи од процесот на одлучување. Да не се обидувате да манипулирате и ВМРО-ДПМНЕ да се обидете да ја претставите во било какво друго светло“, нагласи Димовски.

https://www.facebook.com/Dimovski.Ilija/videos/1615673338459967/