Кривична за инвеститор кој без одобрение изградил куќа во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т. (47) од Охрид.

Пријавениот, како инвеститор, без одобрение за градба и спротивно на законот за градење издадено од надлежен орган, бесправно изградил семејна куќа од П+1 кат на улицата „Аџи Мустафа“ во Охрид.

Во текот на февруари оваа година, овластен градежен инспектор од одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, извршил инспекциски надзор и со записник потврдил дека се работи за бесправно изграден објект, спротивно на Законот за градење.