Ограбена црква во струшко с.Мали Влај

Во периодот од 20:00 часот на 29.03.2017 до 09:00 часот на 30.03.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Никола“ во с.Мали Влај, струшко.

Сторителот, без видливи оштетувања, влегол внатре и одзел четири икони. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.