Ристовски: Продолжува стимулативната мерка- патување за најдобрите студенти

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски на својата Фејсбук страна објави дека најдобрите студенти од првите три рангирани универзитети во Република Македонија, согласно Законот за високото образование и годинава ќе имаат можност бесплатно да патуваат и престојуваат на атрактивна туристичка дестинација во Европа.

За оваа намена Министерството за образование и наука веќе го објави јавниот повик, кој ќе биде активен за пријавување до 13 април, а на избраните кандидати во целост ќе им бидат покриени трошоците за сместување, исхрана, авионски превоз.

Патувањето за најдобрите студенти е една од 40-те мерки за млади кои беа најавени минатата година и интензивно се реализираат.