Јавен оглас за рецензенти на учебници

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15 и 30/16), директорот на Педагошката служба, распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници

1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

Англиски јазик (прв странски јазик) за III година на средното четиригодишно образование (гимназиско образование, уметничко образование, средно стручно образование и спортска академија);

Француски јазик (втор странски јазик) за III година на средното четиригодишно образование (гимназиско образование, уметничко образование и средно стручно образование);

Германски јазик (втор странски јазик) за III година на средното четиригодишно образование (гимназиско образование, уметничко образование и средно стручно образование);

Руски јазик (втор странски јазик) за III година на средното четиригодишно образование (гимназиско образование, уметничко образование и средно стручно образование);

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

– да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

– да бидат наставници од средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

4. Пријавите може да се подигнат во Министерството за образование и наука- Педагошка служба ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје или да се преземат од следниот линк.

5. Рокот за доставување на пријавите е заклучно со 07.04.2017 година.

6. Пријавите да се достават на адреса: Министерство за образование и наука Педагошка служба, ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.