Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала

Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала во својата историја со 6.000 метри квадратни и со 800 седишта за посетителите. Спортската сала е изградена за развој на универзитетскиот спорт и за студентите на УКИМ.

Подот во салата е изработен по специјални меѓународни стандарди, од гумен еластичен полимер за одигрување мал фудбал, кошарка, ракомет, бадминтон, тенис и други спортови. Салата има 17 санитарни јазли, 4 санитарни јазли се за спортистите, 8 санитарни јазли за публика, бидејќи ќе може да се користи и за одигрување меѓународни натпревари, 2 санитарни јазли за лица со посебни потреби.

Салата има посебни простории за медицински персонал, за судии, за делегати, за допинг контрола, за фитнес спротување, за пинг понг, теретана, и посебни простории за семинари. Системот кој се користи за греење во оваа сала е смарт – енергетски ефикасен систем и е прв од ваков карактер кој се користи во сала во Република Македонија. Вкупната инвестиција за оваа ултрамодерна универзитетска спортска сала е 154 милиони денари или околу 2 и пол милиони евра.