Реконструкција на тротоарите и замена на дрворедот на бул. „Туристичка“ од кружниот тек со ул. „Стив Наумов“ до кружен тек со ул. „Бистрица“

Општина Охрид отпочна со реализација на првата фаза од реконструкцијата на тротоарите на бул. „Туристичка“. Активностите се предвидени во програмата на „Секторот за комунални дејности сообраќај и улици“ за 2016година.

При изведувањето на земјените работи – ископ на тротоарот на двете страни од бул.„Туристичка“ на потегот од ул.„Стив Наумов“ до кружен тек со ул.„Бистрица“ констатирано е дека атмосферската канализација е на површина со длабочина од приближно 20 до 30 см од котата на готовиот постоечки тротоар. По целата должина има видливи оштетувања на цевките со што е оневозможено функционирање на истата. Бидејќи атмосферската канализација е со мала длабина, при понатамошните работи на реконструкција на тротоарот ќе дојде до нејзино понатамошно оштетување. Исто така по целата должина оштетени се и ревизионите шахти од атмосферската канализација.

За да се обезбеди повторно функционирање на атмосферската канализација на горе споменатиот потег потребно е да се изврши замена на атмосферската канализација од двете страни на предметниот потег на поголема длабочина, а исто така треба да се изврши санација на шахтите за атмосферска канализација.

Во рамките на реконструкцијата на тротоарите ќе биде извршена и замена на постоечкиот дрворед со нови садници. Сегашниот дрворед се состои од стебла на јавори и јасени кои имаат плитки корени и имаат направено оштетувања – подигнувања и напукнувања на тротоарите.

Со предвидените активности овој потег од бул. „Туристичка“ ќе добие нов лик и ќе биде комплетно уреден.