Во четврток Охрид и околните населени места ќе останат без вода

На 06.04.2017 година (четврток), екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид ќе вршат интервенции на водоводната мрежа, односно преземање редовни годишни активности како што се: измивање на резервоари и водоводни линии, поправка на транзитни водоводни системи и санација на вентили од поголеми профили, како и санација на водомерни шахти.

Акцијата опфаќа измивање и дезинфекција на сите резервоари и водоводни линии поради што ќе има прекин на водоснабдувањето во град Охрид и околните населени места чии водоснабдителни системи се под надлежност на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид. Прекинот ќе трае во период од 05:00 часот до 17:00 часот.