ОУ „Кочо Рацин“ дел од проектот „Ноќ со Андерсен“

Во периодот од ноември 2016 до 2 април 2017 година ОУ „Кочо Рацин“ Охрид беше дел од проектот „Ноќ со Андерсен“, интернационален проект од Министерство за култура на Чешка и Министерство за култура на Словачка. Идејата потекнува од 2000 година од Чешка библиотека. Оваа година за првпат се вклучија и училишта од Македонија, благодарение на Весела Богдановиќ светскиот учител и амбасадор.

Целта на проектот е запознавање со голем број бајки, поттикнување желба и интерес за читање, унапредување вештини за читање, користење и селекција на достапни ресурси на оригинален забавен начин.

OУ „Кочо Рацин“ – Охрид се вклучи со свои оригинални, креативни активности.

Како течеа активностите:

  • Запознавање со животот и делото на Х.К.Андерсен-презентација, Виолета Петковска.
  • Презентација за Андерсен и неговите бајки – Билјана Каланоска.
  • Во училницата на наставничката Весна Карадакоска, активности во рамки на проектот, интегрирани содржини моја бајка, мој цртеж.
  • Творечки, креативни техники со изработка на илустрирани омилени ликови и читање Андерсонова бајка „Девојчето со кибритчиња“-реализатор Љубица Чифлигароска.
  • Во „Светот на бајките“ – креативни активности – реализатор Милена Танеска.
  • Читање во пар, омилена бајка „Девојчето со кобритчиња“ – реализатор Мени Алексиеска.
  • Како изразно ја читам бајката? – реализатор Виолета Петковска.
  • Читаме заедно, читаш ти, читам јас – реализатор Елизабета Наумовска.
  • Креативно, сознајни, творечки активности реализатор Славица Котеска, гледање цртан филм „Царево ново руво“ ИКТ, следење анимирани омилени ликови, секундарна боја виолетова – Кроиме облека за царот – Јас кројам облека за царот – моден креатор.
  • Како звучат бајките од Андерсен на англиски јазик, комбинираме, интегрираме, цртаме, глумиме – реализатор Марија Симиџиоска Стојаноска.
  • Првачињата и нивната наставничка Снежана Атанасоска цртаа на тема – Сакам да цртам ликови од бајките од Андерсен.
  • Посета на градска библиотека – Натпревар во изразно читање, погоди ја бајката во присуство на директорката Александра Белеска и писателот Мирко Томовски – реализатор Виолета Петковска.
  • Креативна активност на час по англиски јазик – Изработуваме мени за омилени ликови од бајките – Што им препорачувам? -реализатор Елизабета Митрушеска.
  • Доврши ја бајката, измисли убав крај – реализтор Виолета Петковска.
  • Драматизација по улоги и препознавање на граматичка структура во бајките Fairy Tales – Science Fiction – imagination and fantasy. -реализатор Лидија Јефтовиќ.
  • Изработка на разгледница со придавки на германски јазик од бајката „Грдото пајче“ – Учиме, откриваме, запишуваме придавки – Das hassliche Entiein – реализатор Ивана Маховска Шикалеска.
  • Подготовка на драмска претстава – Грдо пајче во модерен стил – за завршната вечер – реализатор Ивана Рилкова Томеска.
  • Едно поинакво читање на бајките од Андерсен – учениците зборуваа за перцепцијата на детето и тинејџерот, разграничување на реалистичен, наративен код и фанатазија – реализатор Наташа Неданоска.
  • Првачињата и нивната наставничка Анкица Цуцулоска влегоа во прозорецот на бајките.
  • Омилен дел од Андерсеновите бајки – читам јас, читаш ти – релизатор Виолета Петковска.
  • Примена на истражувачки техники при обработка на бајката „Грдо пајче“ во прво одделение – реализатор Светлана Жилеска.
  • На часот по германски јазик – Пишуваме текст – Ende gut, alles gut со ИКТ – реализатор Билјана Марковиќ.
  • Анализа на омилена бајка, илустрирање мотив поттикнат од слушање бајковна музика – реализатор Лидија Колева Сметеноска,
  • Изработка на маски за завршната драмска претстава – Грдо пајче во модерен стил – реализатор Јулија Крстева.
  • Активност – Бајките во нашата училница – реализатор Катерина Ристеска.
  • Кукли од рециклирана амбалажа со омилените ликови од бајките – реализатор Виолета Петковска.

Завршните активности се реализираа на 31ви март во ПУ „Кочо Рацин“ Лакочереј:

  • Презентација како течеа активностите од ноември 2016 до 02 април 2017;
  • Прозорец на нашите бајки – Читачки шатор;
  • Роденденски пораки;
  • Драмска претстава – Грдото пајче во модерен стил;
  • Бајки за добра ноќ.

Реализатори: Виолета Петковска, Ивана Рилкова Томоска, Наташа Неданоска.

„На крај засадивме Дрво на бајките во училишниот двор. Благодарност до директорката, вработените, колегите, учениците, родителите, Локалната самоуправа, полицијата за успешно завршениот проект“ – вели Виолета Петковска, координатор на проектот.