Кривична пријава за адвокат од Берово

НК за КР Берово поднесе кривична пријава против Т.Д.(34) во Берово за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот во својство на адвокат на лице од с.Ратево кое го застапувал во кривичен предмет што се води во ОЈО Кочани, во повеќе наврати во текот на месец март 2017 години, преку телефон или СМС пораки барал парични средства од оштетениот. Оштетениот пријавил дека Т.Д. како полномошник – адвокат, односно лице кое што врши јавен интерес на оштетениот во кривичен предмет против него, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување во повеќе наврати барал парични средства од него. По претходно добиена Наредба за претрес на лице, дом, претрес на подвижните предмети на лицата затечени во домот и другите простории како и претрес на адвокатстската канцеларија добиени од страна на Судија за претходна постапка на ден 31.03.2017 година е извршен претрес на адвокатската канцеларија на пријавениот, во која присутен бил и пријавениот кој доброволно го предал пликот во кој се наоѓале 3.000 евра кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и фотографирани.

Од страна на Судија во претходна постапка е добиена наредба за одземање на мобилен телефон кој го користи пријавениот Т.Д. заедно со СИМ картичка заради обезбедување на докази, а како основ за сомневање за горенаведеното кривично дело.