Основните училишта играа баскет по повод Интернационалниот ден на спортот за развој и мир

Денес во рамките на училишните спортски лиги и во чест на Интернационалниот ден на спортот за развој и мир, Сојузот за училишен спорт под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во баскет во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во кој заедно учествуваа повеќе од 80 ученици во машка и женска конкуренција.

Најдобри во машка конкуренција беа учениците од ОУ„Христо Узунов“, второ место ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, додека пак учениците од ОУ „Григор Прличев“ и ОУ „Св.Климент Охридски“ го делеа третото место.

Во женска конкуренција најдобри беа учениците од ОУ „Христо Узунов“, второ место ОУ „Св.Климент Охридски“, а учениците од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти и ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец го делат третото место.

Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со натпревари во футсал за основни и средни училишта.

This slideshow requires JavaScript.