СДСМ: Сценаријата на Груевски нема да успеат, доаѓа нова Влада, а со неа и правда за сите

СДСМ со соопштение до јавноста во кое стои:

„Насилството врз легитимно избрани претставници од граѓаните е израз на немоќ на засегнатите од демократските промени што носат правда за сите во Македонија.

Најостро го осудуваме физичкиот напад врз пратеникот Максим Димитриевски од, како што се информира, неколкумина полициски службеници, облечени во цивилна облека.

Бараме инстистуциите веднаш да постапат и да има одговорност за нарачателите и извршителите на инцидентот.

Говорот на омраза и запаливата реторика на Никола Груевски за непостоечки теми поттикнува и разгорува нетрпение со цел нарушување на спокојот на граѓаните за заштита на лични криминални интереси.

Но против сценаријата на Груевски и на раковоството на ВМРО-ДПМНЕ се над 700.000 граѓани кои избраа заедништво и промени.

Ги повикуваме граѓаните, како и досега, да не подлегнуваат на провокациите на режимот во заминување. Многу брзо ќе има нова реформска Влада и одговорност за сите злодела.“- стои во соопштението.