Акцијата за расчистување на јавните површини продолжува во Пештани

Продолжува акцијата на Ј.П. „Охридски Комуналец“ за расчистување на јавните површини.

Денес се работи во Пештани. Активирани се четворица работници за чистење на улиците од наноси на земја и песок, се отстранува тревата од тротоарите и се чисти плажата од трска и комунален отпад.

Акцијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.