Утре поетско читање „Езеро – рајско убаво“ на плоштадот кај Мини-маркет

Во Црвен Крст Охрид во тек е реализација на националната програма за млади – ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности) која има за цел да обучи младинци на возраст од 13-17 години, кои ќе бидат оспособени да пронајдат целна група, да ги истражат потребите на целната група и да изнајдат решенија за да ја остварат целта, конкретна помош и ублажување на страдањата на оние на кои помошта им е најпотребна. Младите организирани во тимови, веќе преземаат конкретни активности за реализација на својата цел.

Еден од тимовите, работи на собирање на средства кои ќе бидат наменети за помош и овозможување на дете од социјално загрозено семејство од Охрид да може да оди со своите врсници на училишна екскурзија.

За таа цел, младите од ПХВ тимот, на 09.04.2017 (недела) на плоштадот кај Мини Маркет во 12 часот ќе организираат настан со хуманитарен карактер Поетско читање. Темата на која ќе се изразат талентирани охридски писатели е „Езеро – рајско убаво“.

Се покануваат нашите хумани сограѓани и љубителите на поезијата да уживаме во убавиот поетски збор и да собереме средства (во поставените собирни каси на Црвен крст Охрид), за помош на нашиот млад сограѓанин.