Манчевски во работна посета на Шведска: Поддршка од Шведска за деблокирање на демократските процеси

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски е во работна посета на Кралството Шведска.

Денеска потпретседстелот Манчевски оствари куса средба со премиерот на Шведска, Стефан Лефвен.

Во рамки на посетата, остварени се повеќе политички контакти со високи претставници на Социјалдемократската партија на Шведска, којашто е и владеачка партија во земјата, на коишто е изразена јасна поддршка на демократските процеси во Македонија.

На Конгресот на Социјалдемократската партија на Шведска, потпретседaтелот Манчевски имаше состанок со министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Волстром.

Министерката Волстром пренесе очекување за деблокирање на Собранието во Македонија, избор на претседател и брзо формирање нова реформска Влада, во интерес на граѓаните и на Република Македонија.

Потпрестедателот на СДСМ се сретна и со Јенс Нилсон, пратеник во Европски парламент и со Бјорн фон Сидоф, пратеник во шведскиот Парламент, поранешен претседател на Парламентот и поранешен министер за одбрана.

Во рамки на посетата на Шведска, потпретседателот Манчевски, заедно со Пири Ниеми, пратеник во шведскиот Парламент и член на тамошната Комисија за надворешни работи, одржа мини трибина на којашто присуствуваа и Македонци од тамошната дијаспора. Тема беше ситуацијата во Македонија. На трибината констатирана е потребата од итна деблокада на Собранието и избор на нова реформска Влада.