Одиграно третото коло од футсал лигата за основни училишта

Денес во рамките на училишните спортски лиги  за основни и средни училишта, Сојузот за училишен спорт Охрид  под покровителство на Локалната самоуправа Охрид го организира третото коло од футсал лигата за основни училишта. Во Спортската сала „Билјанини Извори“ учество зедоа учениците од VI и VII одделение во машка  конкуренција, а постигнати беа следните резултати :

ОУ „Братство Единство“  2:3  ОУ „Св.Наум Охридски“

ОУ „Св.Климент Охридски“ 0:2  ОУ „Христо Узунов“

ОУ „Григор Прличев“  3:1  ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец

ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти  4:1  ОУ „Кочо Рацин“

ТАБЕЛА

Ред.број Група А бодови Гол разлика Ред.број Група Б бодови Гол разлика
1 ОУ „Григор Прличев“ 9 6 1 ОУ „Христо Узунов“ 9 9
2 ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец   6 6 2 ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти 6 2
3 ОУ „Св.Наум Охридски“  3 -3 3 ОУ „Св.Климент Охридски“ 3 -1
4 ОУ „Братство Единство“ 0 -5 4 ОУ „Кочо Рацин“  0 -10

Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со натпревари во шах за учениците од основните и средните училишта во машка и женска конкуренција.