Велигденски концерт на Ансамбл „Филиграни“

Во организација на Ансамблот „Филиграни“ во недела со почеток од 12 часот во близина на црквата Св. Петка во село Велгошти ќе се одржи голем Велигденски концерт.

Во двочасовната програма ќе настапат сите групи на организацискиот ансамбл „Филиграни“ со песна ќе се претстави и членот на „Филиграни“, Билјана Буџакоска, потоа КУД „Фолклористи“, ФА „Отекс“- Фолк“ и КУД „Илинден“.

За таа цел се покануваат сите луѓе кои имаат желба да присуствуваат на овај настан да бидат дел од истиот и заедно се разубави големиот христијански празник Велигден, преку негување на традиционалните вредности.

Концертот ќе се одржи во недела (16.04.2017) во близина на црквата Св. Петка во село Велгошти.