ФФМ ќе инкасира вкупно 2450 евра од неколку клубови поради слаба организација на натпревари

Дисциплинската комисија на ФФМ, постапувајки по пријавите од Комисија за натпреварување на ФФМ на ден 13.04.2017 ги донесе следните одлуки:

ФК Велазерими 77 се казнува со парична казна во износ од 250 евра поради слаба организација на натпреварот ФК Велазерими – ФК Еуромилк одигран во рамки на 17. коло во Втора МФЛ; 

Борче Јовановски, комесар за безбедност на ФК Новаци 2005 се казнува со забрана за вршење на функцијата во времетраење од два месеци;

ФК Новаци 2005 се казнува поради слаба организација на натпреварот ФК Новаци 2005 – ФК Вардар Неготино одигран во рамки на 19. коло во Втора МФЛ со парична казна од 500 евра и забрана за одигрување на четири натпревари на свој терен (најмалку 100 километри оддалеченост од Новаци);

ФК Вардар се казнува поради слаба организација (користење на пиротехнички средства) и недолично однесување на своите навивачи на натпреварот одигран во рамки на 20. коло во Прва МФЛ помеѓу ФК Вардар – ФК Шкендија со парична казна во износ од 1000 евра; 

ФК Тетекс се казнува поради слаба организација на натпреварот ФК Тететкс – ФК Тиквеш одигран во рамки на 17. коло во Втора МФЛ со парична казна во износ од 450 евра;

Ариф Алими комесар за безбедност на екипата ФК Велазерими 77 се казнува со забрана за вршење на функцијата во времетраење од четири месеци;

ФК Еуромилк се казнува со парична казна во износ од 250 евра за слаба организација на натпреварот ФК Еуромилк – ФК Тиквеш во рамки на 19. коло во Втора МФЛ.