Кривична пријава за охриѓанец кој ја малтретирал својата мајка

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(58) од Охрид.

Тој, со судско решение издадено од Основниот суд Охрид имал забрана да врши семејно насилство. И покрај тоа, пријавениот М.Д. продолжил да ја малтретира, вознемирува, навредува и физички да ја напаѓа неговата 81 годишна мајка, да оштетува и фрла предмети од домот и да врши семејно насилство од секаков вид.

На 17-ти февруари оваа година, пријавениот во присуство на малолетни членови од семејството, започнал повторно со вознемирување, малтретирање и упатување на закани кон неговата мајка по што физички ја нападнал. На тој начин, пријавениот М.Д. предизвикал чувство на страв, несигурност и вознемиреност кај неговата мајка и останатите членови од семејството.