Стипендии за резиденцијален престој на писатели во Република Австрија

Во тек е конкурс за доделување на стипендии за резиденцијален престој на писатели од земјите на западен Балкан во Република Австрија, за 2018 година.

Стипендиите ги обезбедува австриското Министерство за Европа, интеграција и надворешни работи и истите се во месечен износ од 1.500 евра, средства со кои се покриваат и трошоците за превоз.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат најдоцна до 1 јули 2017 година на електронските адреси AbtV2@bmeia.gv.at и ehajek@mqw.at.

Во прилог на апликацијата, кандидатите потребно е достават и биографија, список на публикации на својот мајчин јазик, список на преведени дела на германски јазик (доколку постојат) и да наведат краток опис на проектот (на која тема ќе се определи кандидатот за време на неговиот престој, на која публикација ќе работи и што очекува од престојот во Виена).

Дополнително, кандидатите не треба да се корисници на писателска стипендија во Виена во последните три години.
Програмата започнува на 1 јануари 2018 година. Избраните учесници ќе бидат известени најдоцна до 10 септември 2017 година.