Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ дел од Велигденскиот саем

По повод претстојните Велигденски празници, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески”- Охрид учествуваа на манифестацијата „Велигденски саем” организирана од ЈП „Градски пазар“.

На штандовите ги изложија своите Велигденски специјалитети кои самите ги приготвија, а собраните средства од продадените производи ги донираа за хуманитарни цели.