Започна Велигденскиот саем во Охрид

На плоштадот „Крушевска Република“ , денеска беше отворен четвртиот „Велигденски саем“ , што традиционално го организираат Локалната самоуправа, ЈП „Градски пазар“ и Општинската организација на Црвен крст.

„Манифестацијата пред се има хуманитарен карактер и е во духот на престојниот празник- Воскресение Христово- Велигден. Со организацијата на овој настан, на граѓаните им овозможуваме една рекреација, на која најмладите ќе се претстават со свои културно- уметнички точки, а ќе се претстават и со свои ракотворби. Средствата собрани од велигденскиот саем ќе бидат намаенети за хуманитарни цели“- истакна градоначалникот Никола Бакрачески, посакувајќи им среќни празници на сите христијани.

На плоштадот „Крушевска Република“ се поставени повеќе штандови на кои десетици занаетчии и угостители нудат велигденски украси, ракотворби и традиционални специјалитети.