Лајонс клубот „Десарети“ – Охрид донираше ваучери за социјално загрозени семејства

По повод големиот Христијански празник – Велигден, Лајонс клубот „Десарети“ – Охрид, донираше вредносни ваучери од по 3.000 денари на 15 социјално загрозени семејства од Охрид, во соработка со Црковниот храм „Св.Ѓорѓи“. Вкупната вредност на донацијата изнесува 45.000 денари.

Л.К. „Десарети“ – Охрид јавно ги повикува сите хумани луѓе, како и здруженија во пресрет на овој голем празник да го покажат своето човекољубие и да помагаат на оние на кои што им е најпотребна помош, со цел и ранливите категории на граѓани да можат да го прослават овој голем христијански празник како што доликува, исполнет со душевна хармонија и мир.