Честитка од министерот Нухиу до вработените во МВР и граѓаните

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Д-р Агим Нухиу по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден упати честитка до вработените во Министерството за внатрешни работи од православна и католичка вероисповед како и до сите граѓани на Република Македонија кои го празнуваат овој голем ден.

Во честитката од министерот Нухиу се вели: „Честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Велигден го празнува животот од кој се раѓаат љубовта и надежта како симболи на победата над смртта. На вработените во министерството за внатрешни работи и на сите верници од православна и католичка вероисповед во Република Македонија им посакувам верба во срцата, меѓусебно почитување, разбирање и заемно помагање – вредности кои мора да бидат секојдневно присутни во живеењето на сите граѓани. Христос воскресна! Навистина воскресна!.“