Кривична пријава за скопјанец кој украл мобилен телефон

Поради постоење основи на сомнение за сторенo казненo дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Б.К. (33) од Скопје.

Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во згодна прилика со бесправно одземање на мобилен телефон марка „Ајфон 6“ од ресторантот „Мекиците на Стража“ на превојот „Стража“.

Б.К. искористил момент на невнимание на оштетениот и во погоден момент го одзел мобилниот телефон оставен на една од масите каде бил со неговото семејство.