„Аналфабет“ на 1ви мај повторно пред охриѓани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид во понеделник (1ви мај) поради зголемениот интерес повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“ – комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите се по цена од 200 денари. Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е за лица помлади од 14 години.