„Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“

Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ организира завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан преку ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.

На настанот ќе се презентираат резултатите од проектот, а Ајман Ал малла, раководител на Сектор за животна средина во Општина Ресен, ќе ја сподели и успешната приказна на Општината која преку добро владеење стабилно чекори по патот на одржливиот развој.

Освен на овие две теми, ќе се дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор со реактивната мисија на УНЕСКО.

Настанот ќе се одржи утре со почеток во 12:00 часот во хотел Royal View Охрид, по што ќе следува коктел за присутните.

Досега, во рамки на проектот се спроведоа четири консултативни средби. Три од нив беа со засебни категории чинители – граѓани, граѓански организации и институции, а на последната консултативна средба беа поканети сите чинители заедно.