Жител од Центар Жупа заработи кривична поради предизвикување општа опасност

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против Д.Д. (69) од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа.

Во текот на изминатите месеци, кај месноста „Парешки кории“ во близина на селото Баланци, пријавениот, неовластено извршил ископ околу два бетонски столба за пренос на електрична енергија од 10 киловолтен далековод од кој, со електрична енергија се напојувале општината Центар Жупа, неколку индустриски капацитети како и селата во регионот.

Со така извршеното опасно дејство, пријавениот значително ја нарушил стабилноста на бетонските столбови со што можел да го доведе во опасност и нормалното снабдување со електрична енергија на корисниците во целиот регион.