ЕФСА објави повици за обуки на експерти за проценка на ризик за безбедност на храната

Европската агенција за безбедноста на храна – ЕФСА, во рамки на претпристапната програма, објави оглас за одржување на две обуки за одредени хоризонтални аспекти за проценка на ризик во областа на безбедноста на храната. За секоја од обуките, кои се наменети за експерти од областа на безбедноста на храната и проценката на ризик, ќе може да аплицираат по тројца претставници од владините и научните институции, најдоцна до 12 мај. 

На 21 – 22 јуни 2017 година, на Ветеринарниот факултет во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе се одржи обука за проценка на ризик базирана на докази. Целта на оваа обука е зголемување на знаењето на експертите за собирање и интегрирање на научните информации (емпириски докази, необработени податоци и стручни мислења), со цел креирање на успешна и веродостојна проценка на ризикот.

Втората обука ќе се одржи во Парма, Италија, на 26 и 27 октомври.Оваа обука е основа за зголемување на знаењето на учесниците за методологиите за процена на изложеноста на методологиите за проценка на ризикот, вклучително и на податоците кои треба да се изложат, нивната концентрација, методологиите за собирање на информации, проценка на нивната релевантност и за примената на други методологии кои ги користи ЕФСА. 

Обуките ќе се реализираат на англиски јазик и истите ќе бидат комбинација од теориски и практични примери, со акцент на употребата на базираните студии на случај и методологиите кои ги користи ЕФСА.

Во прилог:

-Повици:

Сараево

Парма

Предлог програма за обука – Сараево
Предлог програма за обука – Парма
Пријава (CV темплејт)