Кривична пријава за две лица кои фалсификувале пари

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против С.Н. (53) од Скопје и И.И. (59) од селото Голем Папрадник општина Центар Жупа.

На трети февруари оваа година, пријавените во Скопје во оптек пуштиле фалсификувана банкнота од 1000 денари со сериски број ВА 2334139. Сметајќи дека е оштетена, С.Н. му ја предал банкнотата од 1000 денари на И.И. кој пак се упатил во Народна банка каде сакал да ја замени. Тука било утврдено дека банкнотата е фалсификат по што од овластени лица била одземена.