Успех на СК „Охрид“ на Меѓународниот турнир во Сандански, Бугарија

Викендов во Сандански, Р.Бугарија се одржа меѓународен Турнир во гаѓање со воздушно оружје на кој учествуваа повеќе клубови од Р.Бугарија како и стрелци од два клубови од Македонија.

Во категорија јуниорки (јуниорки до 20 години) со извонредно висок резултат и свој личен рекорд од 404,7 кругови Јана Маркоска се пласира на првата позиција.

Во истата категорија другиот претставник Мартина Петровска се пласира на четвртата позиција со 396,3 кругови.

Во категорија на млади јуниорки ( јуниорки до 15 години) нашата јуниорка Анастасија Мојсовска исто така се пласира на првата позиција со резултат од 394,1 . Во истата категорија Јована Милеска која тренира неполни 4 месеци се пласира на шестата позиција со резултат од 371,6 кругови.

Во моментот овие три јуниорки Јана, Мартина и Анастасија се најсилната јуниорска екипа во државава во гаѓање со воздушна пушка и за истите се очекува да настапат на претстојното Светско првенство за јуниорки кое треба да се одржи кон крајот на јуни 2017 во Сул Германија.