Четвртоодделенците од ОУ„ Григор Прличев“ на предавање „Здравје и безбедност – за безбедни школски денови“

Во просториите на ОУ „Григор Прличев“ денес се одржа предавање на тема: „Здравје и безбедност – за безбедни школски денови“. Овој проект е во соработка со АД Скопска Пивара – Скопје и ОУ„ Григор Прличев“.

„Четвртоодделенците од ОУ„ Григор Прличев денес се запознаа со голем број на активности за нивна безбедност во училиштето и вон училиштето. Поставувани беа голем број прашања и на истите се одговараше со различна динамика и со голем интерес. Предавачи беа лица од АД Скопска Пивара од секторот за човечки ресурси.“- информираат од ОУ„ Григор Прличев“.

WebOhrid