Ќе се одбележи Денот на реката Дрим

На 6 мај (сабота) во с, Орман, со почеток во 12:30 часот, (дворно место од Вила Климент, на самиот влез во селото), Еколошкото друштво „Грашница“ ќе го одбележи Денот на реката Дрим 2017 со следната програма:

09:30 ч. Градско пристаниште, Почеток на еко-караван со теренски возила и упатување кон с. Косел

10:00 ч. – 12:15 ч. Посета на с. Косел, с. Вапила, с. Горно Лакочереј, с. Долно Лакочереј: јавни средби со жители од селата и дискусија на тема: Добри земјоделски практики за зачувување на сливот на реката Дрим во добра еколошка состојба

Паралелен настан:

10:00 ч. – 12:00 ч. Едукативна училишна посета со 20 ученици од Струга на станица за пречистување комунални отпадни води, с. Ложани, општина Струга

12:30 ч. Јавна дискусија: Добри земјоделски практики за зачувување на сливот на реката Дрим во добра еколошка состојба, с. Орман

– Вовед и отворање на дискусијата: ЕД ‘Грашница”, Охрид

– Поздравен говор: Г-дин Стево Темелковски, заменик-министер во Министерство за животна средина и просторно планирање

– Поздравен говор: Г-дин Дејан Пановски, национален координатор на GEF проектот: ‘Овозможување прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во поширокиот слив од реката Дрим”

– Презентер: Ванчо Стојаноски, фармер

13:30 – 14:15 Коктел

Денот на реката ДРИМ се прославува во сите суб-басени и држави под покровителство на Координираната акција за Дрим – CORDA и Дрим Кор групата. Основната цел на Денот на реката Дрим е да ја подигне свеста на локалните заедници и на пошироката јавност за важноста од одржливо управување на басенот на реката Дрим и зачувување на неговиот екосистем.

Активностите ќе послужат како средство да се прошири разбирањето помеѓу луѓето и посебно меѓу младата популација, за вредностите на живеалиштата и на видовите во регионот и да се промовира разбирлива и континуирана акција за осигурување на биодиверзитетот на басенот на реката Дрим и на неговиот вреден екосистем.

Главниот настан ќе се одржи на 5-6 мај 2017 г., но разни активности ќе се одвиваат на ниво на суб-басените низ целата седмица од 1-7 Мај. Настаните ќе се одвиваат низ целиот Дримски Басен во сите негови држави.

WebOhrid