Пронајдена и одземена дрога од жител од Радолишта

ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.Ш. (38) од с.Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 07.08.2016 година во Струга, на ул. „Маршал Тито“ бил извршен преглед над пријавениот при што биле пронајдени и одземени 3,53 грама марихуана, 0,5 грама мешавина од тутун и марихуана, 20 таблети со активна компонента бромазепам – медикамент од групата на бензодиазепини и нож на расклопување со сечило од 9 см. Пријавениот, марихуаната ја набавил за цена од 1.000 денари од лице од Р.Албанија.