Светски ден на слободата на печатот

Светскиот ден на слободата на печатот е прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во декември 1993 година, по препорака на Генералната конференција на УНЕСКО. Тоа е можност да се прослават основните принципи на слободата на печатот, да се процени состојбата со слободата на медиумите во светот, да се одбранат медиумите од нападите врз нивната независност, како и да им се оддаде почит на новинарите кои ги загубија своите животи во вршење на службената должност.

Темата за оваа 2017 година е: „Критички умови за критични времиња“, а ја посочува улогата на медиумите во унапредувањето на мирни, праведни и инклузивни општества.

WebOhrid