Заев на ЦО на СДСМ: Многу скоро очекувам да влеземе во преговори за формирање на новата Влада!

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно ги поздрави достоинственоста, храброста и мудроста на чекорите и политиките на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на раководството на партијата и на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, што резултираат со отворена можност за формирање на новата Влада на Р.Македонија.

„Многу скоро, очекувам да влеземе во преговори за формирање на новата Влада. По 11 години режим, СДСМ ја доби честа и одговорноста од граѓаните да ја предводи новата демократска, реформска Влада на заедничка, унитарна, европска Република Македонија, којашто ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани. Наш приоритет остануваат граѓанските и државните интереси, ве повикувам да ја продолжиме сериозната посветеност кон овие клучни цели“, повика претседателот Заев.

На вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ едногласно е утврден датумот на редовниот 22. Конгрес на СДСМ.