Продоложува имплементацијата на Европскиот партнерски проект LАКtive Tourism

Продолжува имплементацијата на европскиот партнерски проект LAKtive Tourism со активности во Охрид.

Една од најзначајните проектни активности на проектот – ПИЛОТ ТЕСТ ќе се реализира во Охрид во периодот од 4-8 Мај 2017 година. Во Охрид ќе престојува голема група на туристи сениори од Италија, како и претставници на европските партнери вклучени во реализацијата на проектот. Туристите од Италија ќе се запознаат со културното и природното наследство на Охрид, нашите традиции, култура, музика, традиционалната храна, разновидната туристичка понуда на Охрид, а се разбира ќе имаат можност да ги откријат убавините на Охрид и на Охридското Езеро.

Покрај организираниот престој и реализацијата на ПИЛОТ ТЕСТОТ, во Охрид ќе се одржи Состанок на проектните партнери , а исто така и дополнителни активности како додадена вредност на овој европски партнерски проект.

Проектот LAKtive Tourism е од COSME Програмата на Европската Унија –LAKtive Tourism претставува Европски партнерски проект од повеќе европски земји од Европската Мрежа на Езера и тоа:

Општина Исео од Италија,
Општина Охрид од Македонија,
Општина Манзанарес Ел Реал од Шпанија,
Општина Блед од Словенија,
Регионот Леитрим од Ирска,
Општина Кандиа Канавезе од Италија,
Организација на сениори од Блед и

Два туроператори: Виспој од Охрид и Кооптур од Италија (вкупно 9 партнери во проектот).

Главната цел на Проектот е продолжување на туристичката сезона со целна група сениори.

Со Проектот ќе се креира на туристичка понуда за целна група сениори ( 55 +) и престој во Охрид вон главната сезона, како и креирање на туристички производи прилагодени за целната група на пректот (неколкудневни аранжмани кои ќе се продаваат на европскиот туристички пазар со цел привлекување на гости и туристи во ниска и средна сезона, а со самото тоа и за продолжување на туристичката сезона во Охрид.

Со овој проект Охрид се промовира во пошироки европски рамки, на нови европски пазари и ќе се креираат конкретни туристички производи базирани на светското културно и светското природно наследство на Охрид, а притоа ќе се користат европски средства за нивна реализација.