Учество на Македонија на Интернационалниот B2B саем за туризам ‘TTG Incontri’, Римини

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија четврта година по ред ќе учествува на Интернационалниот B2B саем за туризам ‘TTG Incontri’, Римини во период од 12-14 Октомври 2017 година.

На саемот “TTG Incontri” својата туристичка програма ја претставуваат над 130 туристички дестинации, учествуваат над 63.000 професионалци од областа на туризмот, 700 новинари, 300 блогери, се одржуваат тренинг конференции и семинари, учествуваат голем број истражувачки институти, авиокомпании, национални и природни паркови, хотелски брендови, компании за промоција и маркетинг, интегрирани комуникации, банки, финансии, осигурување во туризмот и туристичката индустрија.

Сите заинтересирани за Интернационалниот B2B саем за туризам ‘TTG Incontri’, Римини, може своето учество да го пријават со пополнет формулар кој може да се најде на официјалната веб страна на АППТРМ, www.tourismmacedonia.gov.mk и да го достават пополнет на е-маил:

ognen.temelkovski@tourismmacedonia.gov.mk најдоцна до 25 Мај 2017 година.

Право на учество имаат:

  • Хотели
  • Туристички агенции со лиценца А
  • Ресторани
  • Општини
  • Национални паркови
  • Здруженија
  • Асоцијации и
  • Комори од областа на туризмот

Учеството на Република Македонија на саемот за туризам во Римини, Италија претставува значаен придонес за туризмот и зголемувањето на бројот на туристи од италијанскиот туристички пазар.