Утре ќе се одржи Општинскиот натпревар „Детски семафор 2017″

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2017 година, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, годинава, заедно со учениците од основните училишта во Охрид ќе ја реализира традиционалната Општинска сообраќајно-воспитна манифестација „Детски семафор”.

Општинскиот натпревар „Детски семафор 2017″ ќе се одржи утре 06.05.2017 година (сабота) со почеток во 10 часот во основното училиште „Григор Прличев“. Натпреварот се состои од два дела: теоретски дел кој опфаќа полагање сообраќајни тестови (полагањето ќе биде во 10 часот во ОУ „Григор Прличев“) и практичен дел- вешто возење на велосипед (ќе се реализира во 11.30 часот на сообраќајниот полигон на кеј „ Македонија“).

Целта на општинската сообраќајно-воспитна манифестација „Детски семафор” е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот.