Честитка од градоначалникот Бакрачески до Македонската полиција

По повод 7 мај, Денот на Македонската полиција, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, до припадниците на Министерството за внатрешни работи, упати честитка во која стои:

„Денес кога Македонската држава е исправена пред нови предизвици, Вие како припадници на Министерството за внатрешни работи, ја имате одговорноста како и многу пати во минатото, да бидете последната брана за зачувување на мирот, безбедноста и правниот поредок на Република Македонија. Верувам дека и овој пат ќе бидете на висината на задачата со која безбедноста и сигурноста на сите граѓани ќе биде гарантирана. Граѓаните на Република Македонија се свесни за сите ваши ризици со кои се соочувате, но и непоколебливо веруваат во вашата професионалност и посветеност, на што можете да бидете особено горди. Примете ги искрените честитки за Денот на Македонската полиција“ – се истакнува во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески.