Бројни награди на учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на државните натпревари

Учениците од ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ се вратија со бројни награди од 36. Државен натпревар на средните технички училишта од електротехничката, машинската и сообраќајната струка во Република Македонија, кој оваа година се одржа на 05.05.2017 год. во средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани.

На натпреварот учествуваа 140 ученици со околу 100 ментори-наставници од 22 училишта од Република Македонија коишто се натпреваруваа во 13 профили во трите струки.

Во електротехничката струка Дамјан Левески, ученик во III година освои прво место во образовниот профил електротехничар за електроника и телекомуникации, под менторство на наставниците Душко Савески, Билјана Ристоска и Никола Јованоски, а пофалници добија, Тодорче Џуклески ученик во III година во образовниот профил електротехничар-енергетичар под менторство на наставниците Владо Јанкулоски, Сашо Георгиески и Владо Марин, и Михаил Ангелески ученик во III година во образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, под менторство на наставниците Гоце Ѓорѓиески, Наум Карамачоски и Радомир Јорданоски.

Во машинската струка пофалница доби Петар Ристески во образовниот профил техничар за компјутерско управување, а под менторство на наставниците Стојан Новески, Владо Суклоски и Танче Танески.

Во сообраќајната струка Тоше Крстевски, ученик во III година освои второ место во образовниот профил техничар за патен сообраќај, под менторство на наставниците Ѓоко Милески, Наташа Гредоска и Весна Нанеска.

На натпреварот беа претставени и 22 трудови изработки од ученици со поддршка од нивните ментори кои ги заинтересираа сите присутните. Филип Милошески и Јован Цветкоски, ученици во IV година освоија втора награда за својот труд “Управување на работен дел со PLC“ под менторство на наставникот Владо Јанкулоски.
Ученици од ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ учествуваа и на државниот натпревар по англиски јазик кој се одржа во Скопје. Високи резултати постигна Андреј Марков, ученик во II година во образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, под менторство на наставничките Елизабета Спироска Милошеска и Мануела Јанкоска Брдароска.