Црвен крст со низа активности по повод Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. Во тие рамки ќе бидат организирани следните активности:

– 08 мај 2017 (понеделник) 11:00 ч.

  • Полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвен крст Охрид).

– 09 мај 2017 (вторник) 10:00 ч.

  • Крводарителска акција – Факултет за туризам и угостителство – Охрид.

– 10 мај 2017 (среда) 10:00 ч.

  • Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст.

– 8-15 мај 2017

  • На сите новороденчиња родени на Гинеколошкото одделение при Општата болница во Охрид во Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, и нивните мајки Црвен крст Охрид ќе им додели пригодни и корисни подароци.

– мај 2017

  • Работилници за дисеминација-ширењето на знаењата за Црвениот крст со членовите на Собранието и волонтерите на Црвен крст Охрид.
  • Објава на резултатите од ликовниот и литературен конкурс на тема Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство.