Сојузот на борци ќе одбележи 72 години од победата над фашизмот и Ден на Европа

Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Општина Дебрца a по повод 72 години од Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, организираат прослава која ќе се оддржи на 9 мај 2017 година ( вторник ) со следната:

ПРОГРАМА

09:30 часот: Поаѓање од Охрид за Дебрца

10:30 часот: Споменик на револуцијата, победата и слободата ,,КРЕМЕНАТЕЦ” – подрачје ,,Раштани” – Дебрца

– Полагање цвеќе

– Пригодна реч на Никола Стефаноски – потпретседател на ОО Охрид и Дебрца, на тема : Македонија во борбата против фашизмот.

– Обраќање на Градоначалникот на општина Дебрца – Игор Трајкоски.

– Културно – уметничка програма.

11:30 часот- БЕЛЧИШТА

– Полагање цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци во НОБ.

– Посета на спомен собата на НОБ.

– Посета на ликовната галерија