ЕФСА објави повик за обновување на членството на експерти во нејзините независни научни панели

Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) почнува со реализирање на кампања за обновување на членството во десетте независни научни панели и ги повикува научниците од областа на безбедноста на храната и храната за животни да се приклучат на научните тела кои функционираат во рамки на оваа европска институција.

Заинтересираните кандидати, на интернет страната на ЕФСА, треба да направат предрегистрација заклучно со 31 мај, со што ќе ги подготват документите за аплицирањето кое официјално ќе почне на 1 јуни и ќе трае до 8 септември.

Предрегистрацијата треба да ја направите ОВДЕ

По извршената селекција од страна на ЕФСА, најуспешните кандидати својот тригодишен ангажман како научни соработници во панелите на ЕФСА ќе го започнат во јули 2018 година.

Повеќе информации за повикот може да прочитате ОВДЕ

Постапката за селекција на кандидатите може да ја погледнете во следново ВИДЕО