„Импровокација“ во сабота пред охриѓани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар на 13ти мај (сабота) репертоарно ќе ја одигра седмата епизода од втората сезона на најпопуларното шоу „Импровокација”.

„Импровокација“ започнува во 21:00 часот, а влезниците се купуваат во музичката продавница Зи Зи Топ. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од Филип Ангеличин – Жура.