Извлечени полуфиналните двојки од ракометниот Куп на Македонија

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки во машка и женска конкуренција за Купот на Македонија 2017.

Во Купот во машка конкуренција, во полуфиналето беа извлечени финалистите од минатата сезона, скопските ривали Вардар и Металург, додека во второто полуфинале ќе играат Охрид 2013 и дебитантот на Фајнл Фор турнирите, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Фајнл Фор турнирот ќе се одригра во Битола на 20 и 21 мај 2017.

Во полуфиналето во женска конкуренција пак, ќе играат Вардар – Гевгелија и Металург – Прилеп. Фајнл Фор турнирот ќе се игра во салата „Автокоманда“ во Скопје на 19 и 20 мај 2017 година.

Куп на Македонија 2017, мажи – полуфинале:

РК Вардар – РК Металург
РК Охрид 2013 – РК Еурофарм Работник

Куп на Македонија 2017, жени – полуфинале:

ЖРК Вардар – ЖРК Гевгелија
ЖРК Металург – ЖРК Прилеп