Претседателката на Советот Коњановска на сетот од филмот „Дедо и внук“

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска и директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија, Мими Ѓорговска Илиевска, денес ја посетија филмската екипа, која работи на реализација на играниот филм „Дедо и внук“, по сценарио и режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски.

Филмот е со современа тематика и за прв пат по култниот „Мирно лето“ во целост се снима во Охрид.