Во сабота ќе се одржи Годишното собрание на Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија

Сојузот на акцијаши и волонтери на Македонија во сабота (13.05.2017) во 12 часот, во Големата сала на општина Охрид ќе го одржи првото Годишно собрание, на кое ќе се разгледа извештајот за едногодишната активност и можноста за организирање меѓународен волонтерски камп „Охрид 2017“.

Лицата кои први со својата хуманост, солидарност и акција се вклучија и им помогнаа на несреќните од поплавите во Скопје, заедно со своите пријатели од Балканот и своите млади членови, повторно заедно по состанокот ќе изведат акција за расчистување на зелениот простор од Билјанини извори до хотел „Белведере“ во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“.